НЕ ЈАДЕТЕ, ВКУСЕТЕ! Пуслици со песто и горгонзола, такоси со свинско и карамелизиран кромид и 1,2,3,4,5,6 вина
Ова се нашите впечатоци од една убава вечер со деликатесите на Филип Поповски и вината „Македон“ во пресрет на Свети Трифун во скопскиот ресторан Маџо 2.0, каде што шеф Фичо и Андон Крстевски, главен енолог на винаријата „Стоби“ приредија вечер полна со вкусови и необични комбинации, речиси па како сцена од филмот „Мени“. За среќа….
Не јадете, вкусете! Да, вака гласеше реченицата со која шеф Словик, главниот лик во филмот „The menu“, ја отвора вечерата околу која е сплетена целата приказна во новиот трилер на режисерот Марк Лојд. Во скопскиот ресторан Маџо 2.0 синоќа, по повод Св. Трифун, Арт кујна беше меѓу гостите на вечерата која ја приготви шеф Филип Поповски-Фичо, а Андон Крстевски, главен енолог на винаријата „Стоби“ ја раскажуваше приказната за релативно новата линија на вина „Македон“.
Повеќе за ова на порталот „Арт кујна“.