„НЕ ЈА ЗЛОУПОТРЕБУВАЈ АРМИЈАТА ВО ТВОИТЕ СКАПИ СПОТОВИ“ Ковачки го прозва Пендаровски дека премолчел сексуално вознемирување на офицерки

218

Стево Пендаровски се претставува како поддржувач на модерна и инклузивна Армија, но збор не изусти кога јавно објавив дека во Армијата се случува скандал каде офицери сексуално вознемирувале млади офицерки, како и кога преку фејсбук станицата на СДСМ Арачиново се бараа лица за вработување како професионални војници, само за да им се додвори на ДУИ и на Ахмети, изјави Драган Ковачки, носител на изборната единица 3 на денешниот митинг во општина Петровец во рамки на претседателската кампања.

– Сакам да го искоментирам и неговиот најнов спот во кој се обидува да се претстави како некој си голем државник. Замислете човек со неговите скапо платени реклами и спотови за кои не сака да каже како се финансираат ја злоупотребува Армијата и луѓето во униформа. Армијата не смее да се злоупотребува во партиски настани и партиски спотови. Стево Пендаровски токму тоа го прави и под итно треба да се тргне од медиумите. Човекот не знае што да направи, нервозен е и очаен. Знае дека ќе загуби. Го слушате како им вели на оние 50тина души кои му доаѓаат на митинг „ако не победам не доаѓајте, не сакам очи да ви видам“. Не смееме да заборавиме дека Стево Пендаровски беше избраник на Зоран Заев во 2019, а сега во 2024 е избраник на Димитар Ковачевски. Е тоа е тоа триото кое ја распродаваше Македонија и ја понижуваше каде ќе стигне. Тоа е таа предавничка матрица која за пари и привилегии е подготвена на сѐ – изјави Ковачки.






Тој побара поддршка и масовна излезност на изборите од граѓаните на 24 април и на 8 мај за Гордана Силјановска Давкова со заокружување на број 2.

 

Поврзани содржини