„НЕ ЈА ГАЃАВМЕ ПОЛСКА, НО МОЖЕ ДА СЕ КОНСУЛТИРАМЕ СО ПОЛЈАЦИТЕ“ Стигна одговор од руското министерство за инцидентот со дроновите

Вака руското министерство за одбрана одговори за дроновите соборени над Полска утринава, откако портпаролот на Кремљ претходно на прес-конференција изјави дека не е на Кремљ, туку на министерството да го коментира инцидентот.

3,429

„Не е планирано да се таргетираат објекти на полска територија. Максималниот дострел на беспилотните летала што се користат во нападот (врз Украина) не надминува 700 километри. Сепак, ние сме подготвени да одржиме консултации со полското министерство за одбрана на оваа тема“.

Вака руското министерство за одбрана одговори за дроновите соборени над Полска утринава, откако портпаролот на Кремљ претходно на прес-конференција изјави дека не е на Кремљ, туку на министерството да го коментира инцидентот.






Тој додаде дека Кремљ не добил никакви прашања од Полска за инцидентот и исто така ги отфрли и обвинувањата од Европска Унија и од НАТО дека Русија провоцирала.

– Раководството на ЕУ и на НАТО секојдневно ја обвинуваат Русија за провокации. Во повеќето случаи дури и без да дадат некаков аргумент – истакна портпаролото Дмитриј Песков.

Според соопштението на руската војска синоќа бил извршрн масовен напад врз воено-индустриски цели во Западна Украина, вклучително и со борбени беспилотни летала.

Прв од руска страна кој го коментираше нарушувањето на полскиот воздушен простор беше вршителот на должност амбасадор во Полска, Андреј Ордаш, кој беше повикан во полското Министерство за надворешни работи.

Знам едно нешто, тие дронови летаа од украински правец, изјави Ордаш по излегувањето од полското МНР.

Претходно, тој изјави дека Полска не доставила никакви докази кои укажуваат дека се соборени руски дронови.

Според полските власти пак, ова е првпат руски дронови да навлезат во Полска од друг правец, преку Белорусија. Информирајќи го парламентот за случајот, полскиот премиер Доналд Туск изјави дека Европа е најблиску до конфликт од крајот на Втората светска војна.

 

Поврзани содржини