НЕ ЈА ФРЛАЈТЕ ВОДАТА НАД КИСЕЛОТО МЛЕКО Сурутката е одличнa за црниот дроб, за притисокот, тироидата, па дури и за слабеење
Нискокалорична, богата со витамини и протеини – тоа е сурутка, течност која останува како нуспроизвод кога се прави сирење од млеко. Поборниците за здрава исхрана знаат дека сурутката е вистински еликсир за здравјето и има многу лековити својства
Сурутката е погодна намирница во секој период од животот, а заради сличноста со мајчиното млеко, може да се користи и како замена за млеко во исхраната на доенчињата. Станува збор за течноста што се одделува кога се прави сирење.
Богата е со хранливи материи и никако не треба да се фрла – она што е најдобро од млекото, при неговата преработка во сирење, останува во неа. И кога ќе отворите кисело млеко, се случува на неговата површина да видите вода. Таа вода е сурутка.
Освен вода, во неа има 96 отсто лактоза, 4 отсто казеин, 50 отсто минерали и соли и 93 отсто протеини.
Протеините на сурутката содржат многу есенцијални амино киселини кои брзо се апсорбираат. Есенцијалните аминокиселини се оние кои човечкото тело не ги произведува, туку мора да се внесат со храната.
Многу повеќе за суруткат, па дури и за тоа како да ја направите, прочитајте на порталот „АРТ КУЈНА“.