НЕ 20.000 ЕВРА, МНОГУ ПОВЕЌЕ ЌЕ СЕ КАЗНУВА НЕФЕР ИГРАТА НА СУПЕРМАРКЕТИТЕ Пазарниот инспекторат изрекол казни во вредност од 2 милиони евра за една година

Еден од предлозите, кој сигурно ќе го прифатиме, за поголемо почитување на Законот за нефер трговски практики е зголемувањето на казнената политика. Предлогот е сегашната казна од 20.000 евра повеќекратно да се зголеми што и не е многу со оглед што станува збор за големи супермаркети и трговски компании во земјава, најави заменик министерот за економија и труд, Марјан Ристески.

124

Има предлог, кој со сигурност ќе го прифатиме, за повеќекратно да се зголемат казните од сегашните 20.000 евра за непочитувањето на Законот за нефер трговски практики, најави заменик министерот за економија и труд, Марјан Ристески.

Tој денеска имаше средба со бизнисмените од прилепската регионална стопанска комора.






– Еден од предлозите, кој сигурно ќе го прифатиме, за поголемо почитување на Законот за нефер трговски практики е зголемувањето на казнената политика. Предлогот е сегашната казна од 20.000 евра повеќекратно да се зголеми што и не е многу со оглед што станува збор за големи супермаркети и трговски компании во земјава. Инаку, ги охрабрувам компаниите од регионот, посебно за производство на храна, да пријавуваат законски прекршувања до Комисијата за заштита на конкуренцијата – вели Ристески.

Ристески рече дека се фокусирани на инспекциските контроли за сузбивање на сивата економија, заштита на животниот стандард и за стабилизирање и намалување на инфлацијата.

– Комисијата за заштита на конкуренцијата и Државниот пазарен инспекторат постојано се на терен по пријави, дојави, но и по нивно видување, зашто имаат годишна програма за работа. Секаде каде ќе бидат констатирани законски прекршувања, правните субјекти ќе бидат казнети. Мислам дека сме на добар пат да го направиме тоа. Гледам дека инфлацијата веќе се стабилизира, почнува и благо и да се намалува, посебно во поглед на основните прехранбени производи. Иако тоа не е доволно и сметаме дека во наредниот период со една таква добра политика ќе успееме повеќе да го заштитиме животниот стандард на граѓаните и инфлацијата да биде на едно стабилно, би рекол, европско, ниво. Се фокусираме на инспекциските контроли и транспарентно објавување на цени – вели Ристески.

Од ноември лани до септември годинава, Државниот пазарен инспекторат има направено 18.000 инспекциски надзори на ниво на Македонија и се изречени казни во вредност од околу 120 милиони денари (2 милиони евра) за непочитување на законските регулативи.

Ристески најави дека се подготвува унифициран софтвер за трговците.

– Се подготвува нов софтвер кој ќе биде презентиран во наредниот период. Ќе биде унифициран и бесплатно даден на сите трговци за транспарентно објавување на цените. Граѓаните ќе може сами да си креираат пазарна кошничка – изјави заменик министерот за економија и труд Марјан Ристески.

Поврзани содржини