НБА СО ЕВРОПСКИ ШМЕК Јокиќ, Дончиќ и Сабонис поставија чудесен рекорд

За прв пат во историјата на НБА, тројца играчи забележаа најмалку 20 трипл-дабл учинок во една сезона, и тоа го постогнаа тројца европски играчи.

499

Никола Јокиќ, Домантас Сабонис и Лука Дончиќ го одбележаа досегашниот дел од сезоната во НБА лигата, а сега нивната доминација доби и официјална рекордна потврда.

Имено, за прв пат во историјата на НБА, тројца играчи забележаа најмалку 20 трипл-дабл учинок! И тоа го постогнаа тројца европски играчи. Тројката ја предводи  Сабонис со 26 вакви натпревари, Јокиќ има 23, а Дончиќ 20 меча со трипл-дабл учинок.






Овој рекорд Дончиќ го потврди синоќа на дуелот против Голден Стејт, а Сабонис од сенка дојде во големото друштво. Општо мислење е дека Литванецот не е доволно ценет во НБА лигата и дека му беше направена голема неправда бидејќи не доби место на Ол-стар натпреварот на најдобрите играчи во сезоната.

Поврзани содржини