НАВОДНО ИЗБЕГАНИОТ АБДИОВСКИ МУ СТАВИЛ ЛАЈК НА СТОИЛКОВСКИ? Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ реагира, „па има ли поголем срам за државата?“
Па има ли поголем срам за државата!? Човекот за кого денеска држев прес- конференција дека избегал од затвор, ми става „ЛАЈК" на статуси, од слобода и во бегство! Сокол одма оставка! Оливер одма оставка! Ужас!, напишал Стоилковски на Фејсбук и постирал слика од наводното барање за пријателство од Абдиовски.
Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски тврди дека добил „допаѓање“ или „лајк“ на Фејсбук од Нафи Абдиовски – осуденикот од затворот во Шуто Оризари за кого Стоилковски утринава на прес-конференција рече дека е во бегство повеќе од 10 дена.
„Па има ли поголем срам за државата!? Човекот за кого денеска држев прес- конференција дека избегал од затвор, ми става „ЛАЈК” на статуси, од слобода и во бегство! Сокол одма оставка! Оливер одма оставка! Ужас!“, напишал Стоилковски на Фејсбук и постирал слика од лајкот.
Според Стоилковски, осуденикот Нафи Абдиовски бил „чест гостин во Владата на СДС, со еден убав албум фотографии во прегратки со министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, првиот вицепремиер Артан Груби, во премиерскиот кабинет на Зоран Заев, фотографиии со претседателот на Собрание, фотографија со Стево Пендаровски“.
ВО ПРЕГРАТКА СО ГРУБИ, ЗАЕВ, ПЕНДАРОВСКИ… Се случи ли ново бегство од затвор во иста режија? (ВИДЕО)