Навивачите го исмеваат Роналдо откако Португалија испадна од ЕВРО: „Немаше пенал“

Немаше пенал, па Роналдо не постигна гол. Кој друг е среќен што Португалија отпадна? - напиша еден корисник на Твитер.

1,031

Репрезентацијата на Португалија синоќа отпадна од Европското првенство по поразот од Белгија, па не им требаше долго на луѓето на Интернет да започнат да се шегуваат за оваа ситуацијата.

Селекторот Фернандо Сантос не го криеше разочарувањето по натпреварот со фактот дека Португалија не успеа да ја одбрани титулата, а истата реакција ја имаа и играчите, вклучително и капитенот Кристијано Роналдо.

 






Сепак, навивачите го зедоа Роналдо „за заб“ и почнаа да пишуваат дека Португалија не победи бидејќи не му беше досуден пенал, па токму затоа Роналдо не доби можност да постигне гол.

 

– Немаше пенал, па Роналдо не постигна гол. Кој друг е среќен што Португалија отпадна? – напиша еден корисник на Твитер.

 

– Очигледно на Роналдо му беше многу тешко без Едер – додаде друг.

 

 

 

Поврзани содржини