НАВИВАЧ СЕ ЗАПАЛИ ПРЕД ЃОКОВИЌ, РОЏЕР И РАФА Протестирал против климатските промени

На неговата кошула можеа да се прочитаат само првите три збора: „Запрете ја приватизацијата на Велика Британија...“ Обезбедувањето брзо реагирало и го избркало од салата.

374

Бизарна сцена се случи за време на сингл натпреварот помеѓу Стефанос Циципас и Диего Шварцман на Лејвер купот во Лондон. Имено, еден од активистите во борбата против климатските промени побегнал од обезбедувањето, влегол на тенискиот терен и во знак на протест си ја запалил раката, пишува Б92.

 






На неговата кошула можеа да се прочитаат само првите три збора: „Запрете ја приватизацијата на Велика Британија…“

Обезбедувањето брзо реагирало и го избркало од салата.

Сето тоа отстрана го следеа селекциите на Европа и светот, меѓу нив Новак Ѓоковиќ, Рафаел Надал и Роџер Федерер, кој подоцна во вечерните часови ќе го одигра последниот меч во кариерата.

Тој ќе настапи во двојки со Надал.

Добри вести и за Ѓоковиќ. Додека светскиот ас чека дали ќе добие дозвола за настап во Мелбурн, сигурно е дека тој, од 3 до 9 октомври ќе настапи на турнирот во Астана во Казахстан.

Ова беше официјално потврдено на социјалните мрежи на ова натпреварување, како и на Тенискиот сојуз на Казахстан.

Според информациите, Новак ќе дојде во главниот град на Казахстан на специјална покана на претседателот на локалната федерација, Булат Утемуратов. На турнирот ќе настапат врвни имиња од тенисот.

Поврзани содржини