🎥 НАВИВАЧ САКАШЕ ДА ГО ОГРАБИ СИНЕР ДОДЕКА ИТАЛИЈАНЕЦОТ ДЕЛЕШЕ АВТОГРАМИ Ја отвори торбата, ама наиде обезбедувањето

На теренот има доста обезбедување и верувам дека тие, особено на вакви големи турнири, работат одлична работа за да се чувствуваме безбедно. Дури и кога ќе се случи вакво нешто, тие реагираат на вистински начин. Сè е во ред, навистина, рече тенисерот.

1,170

Италијанскиот тенисер Јаник Синер без поголеми проблеми се пласираше во полуфиналето на УС Опен, откако за само два часа го совлада својот сонародник Лоренцо Музети со убедливи 3:0 во сетови.

Сепак, мечот не беше единствениот момент што привлече внимание. По неговата победа, додека Синер даваше автограми на трибините на најголемиот тениски стадион во светот, „Артур Еш“, еден навивач се обидел да му ја отвори торбата.






Самиот Синер потврди дека бил изненаден од ситуацијата.

– Не, никогаш порано не сум доживеал нешто слично – изјави тој на прес-конференцијата по мечот. „Веднаш проверив дали недостасува нешто, бидејќи во торбата немам само рекети. Таму се и телефонот, паричникот… Но мислам дека сè е во ред“.

Синер сепак додаде дека има доверба во организаторите и службите за обезбедување:

– На теренот има доста обезбедување и верувам дека тие, особено на вакви големи турнири, работат одлична работа за да се чувствуваме безбедно. Дури и кога ќе се случи вакво нешто, тие реагираат на вистински начин. Сè е во ред, навистина.

Синер во полуфиналето ќе се соочи со канадскиот тенисер Феликс Оже-Алијасим, додека во другото полуфинале ќе играат Новак Ѓоковиќ и Карлос Алкараз.

Поврзани содржини