НАВИСТИНА Е БЕЗБЕДНО Вакцинирајте се, вели најголемата светска студија
Да видиме што вели студијата за овие 100.00 вакцинирани лица со „Фајзер“. Од нив само 2,7 лица можат да добијат забрзано чукање на срцето, на само 16 лица од нив може да им се врати реакција од стара инфекција, оштетување на бубрезите можат да имаат 125 од нив, белодробна емболија 62 луѓе, венска тромбоза 43 луѓе и само 14 од нив имаат шанса да завршат со мозочен удар по вакцинирањето. мо 14 од нив имаат шанса да завршат со мозочен удар по вакцината.
Шансите да имате тешки последици по примањето на вакцина се навистина астрономски мали, вели најголемата студија што досега е направена на оваа тема во светот. Од 25 најчести несакани ефекти, само кај четири било пронајдено дека се појавуваат почесто кај вакцинираните луѓе, а под често се подразбира 1 или неколкумина во 100.000 луѓе, пишува IFL Science. Студијата е направена за вакцината „Фазјер“.
Да видиме што вели студијата за овие 100.00 вакцинирани лица со „Фајзер“. Од нив само 2,7 лица можат да добијат забрзано чукање на срцето, на само 16 лица од нив може да им се врати реакција од стара инфекција, оштетување на бубрезите можат да имаат 125 од нив, белодробна емболија 62 луѓе, венска тромбоза 43 луѓе и само 14 од нив имаат шанса да завршат со мозочен удар по вакцинирањето.
Четири пати сте позаштитени од миокардитис од невакцинираните
Миокардитис, воспаление на срцевиот мускул што може да предизвика отежнато дишење и неправилно чукање на срцето, е меѓу највисоките несакани ефекти на вакцинацијата против ковид-19.
Според една студија во „New England Journal of Medicine“ на значителен дел од израелската популација, тоа се случува со повисока стапка кај вакцинираните, но не многу. Дополнителни 2,7 лица од 100.000 биле дијагностицирани со миокардитис во споредба со невакцинираната популација која не ја заразила болеста.
Повеќето од „вишок“ случаите биле мажи на возраст од 20 – 34 години. Меѓутоа, дури и ако миокардитисот е вашиот единствен страв, сепак би било препорачливо да ја добиете вакцината. Меѓу невакцинираните луѓе кои ја заразиле болеста, стапката била 11 на 100.000 – четири пати повисока.
Оток на лимфните жлезди би добиле 78 од 100.000 луѓе
Студијата откри дека лесно најчестиот несакан настан предизвикан од вакцинацијата со „Фајзер“ е оток на лимфните жлезди, што се случува со дополнителна стапка од 78 случаи на 100.000.
На петмина од 100.000 луѓе ќе им се врати стара инфекција
Слично на тоа, 16 дополнителни случаи на 100.000 херпес зостер (реактивирање на минатите инфекции со вируси на сипаници) се непријатни, но опасни по живот. Конечниот и посериозен несакан ефект, апендицитис, се јавува во само 5 случаи на 100.000.
Само 14 од 100.000 вакцинирани ќе имаат мозочен удар
Во меѓувреме, разновидни други ефекти испитувани во студијата не биле почести кај вакцинираните, но драматично се зголемиле кај невакцинираните луѓе кои фатиле корона. Тие вклучуваат оштетување на бубрезите, белодробна емболија, длабока венска тромбоза и мозочен удар со 125, 62, 43 и 14 вишок случаи на 100.000 соодветно, заедно со неколку други.
„Овие резултати убедливо покажуваат дека оваа mRNA вакцина е многу безбедна и дека алтернативата на“ природниот“ морбидитет предизвикан од корона вирусот го става лицето на значителен, повисок и многу почест ризик од сериозни несакани настани“, вели професорот Ран Балисер од истражувањето на „Clalit“ во соопштението на Институтот.
Како знаеле научниците кои се најчестите несакани ефекти?
Преку податоци за вакцинацијата од една од најорганизираните земји – Израел. Израелците успеаја да си обезбедат пристап до некои од првите вакцини на „Фајзер“ делумно поради исклучителниот систем на водење медицински досиеја што го имаат, кој понуди можност да се следат последиците од вакцинацијата подобро отколку речиси на кое било друго место во светот.
Авторите на весникот го искористија ова за да ги запишат несаканите ефекти што ги доживеале 884.828 вакцинирани лица и ги споредиле со истиот број кои не ја примиле вакцината, според возраста, полот, религијата и познатите фактори на ризик.
Зошто е толку посебна и поразлична оваа студија од другите?
Онаму каде што другите испитувања за ефектите од вакцината се потпираат на само-пријавување или доктори кои ги пријавуваат ефектите во базата на податоци на „ВАЕРС“, оваа студија го вклучува секое медицинско досие за лицата вклучени помеѓу 20 декември 2020 година и 24 мај. поврзани со вакцината се вклучени за тестирање, со што се побиваат тврдењата на противниците на вакцините дека ефектите се занемаруваат или дури и се прикриваат.
Дополнителни детали во студијата беа дадени со споредување на медицински настани меѓу 173.106 невакцинирани лица кои фатиле корона и демографски исти бројки на луѓе кои никогаш не биле позитивни.
Во споредба со клиничките испитувања, вакви студии вклучуваат многу поголем обем на примероци, откривајќи ги и најнезабележливи разлики.