Наум Стоилковски: Шилегов се колнеше во Треска, а не ја спречи продажбата за евро квадрат?!
Ниту Шилегов, ниту некој од неговата администрација не интервенирал во цената на градежното земјиште - рече Стоилковски.
„Веројатно на некој му беше полесно и поедноставно, да гради, отколку да одржува нешто што скопјани многу одамна го имаат платено, со своите средства. На ова место ќе го вратиме животот во Скопје, живот во Скопје за сите“. Ова се зборови на Петре Шилегов, потсети денеска Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ
– Ова е дел од еден од купопродажните договори, сите со иста содржина, односно договори за отуѓување на градежно земјиште со електронско јавно наддавање склучен на ден 30.05 2019 година. Во него јасно стои дека наддавањето .јавно наддавање бил објавен на 15.11.2018 година во три дневни весници. Тоа Шилегов и неговата администрација не го видел. Продажбата не е спречена од градската администрација. Понатаму, ниту Шилегов, ниту некој од неговата администрација не интервенирал во цената на градежното земјиште – рече Стоилковски.