Науката наспроти лагите

Сè поголем број на вистински експерти во финансирање и развој на невладини организации се одлучни дека голем број на активисти во доменот на заштита на животната средина, а кои се имаат самопрогласено за „екологисти“ се служат со дезинформации и со лажни вести.

213

Сѐ почесто добивам впечаток дека до неодамна највисоките државни органи не располагаа со целосни и со прецизни информации кога станува збор за рударскиот сектор. Наместо да се водат од експертски утврдени факти, најверојатно се водеа низ густо ткаено мрежиште од конфузни, селективно презентирани или нецелосни податоци.

Во оваа мрежа, свесно или несвесно, улога играат неколку институции чие влијание би требало да биде синоним за авторитет и за знаење.






Овој сомнеж не е нов, но конечна потврда добив при читањето на делот посветен на енергетските минерали во финалната верзија од Стратегијата за геолошки истражувања и одржливо искористување и експлоатација на минерални суровини за периодот 2025–2045.

Наместо визија водена од научна прецизност и индустриска реалност, се добива впечаток за документ што повеќе создава дилеми отколку што нуди одговори.

Има дел во којшто се спомнуваат јаглен, лесно запаливи шкрилци итн. Се наведува дека мапите се од исклучително значење за заштита на животната средина и на биодиверзитетот. Во ред. Ама на мапата под точка 34 стои село Ерџелија и пишува – нафта. Друг податок нема. Колкаво количество и каква калорична вреднст има и дали има можност за нејзина експлоатација, нема.

Ваквиот однос е само континуитет на несреиозноста кон самата држава од страна на оваа групација. Сепак добри луѓе имаат добра меморија и сè уште ја сакаат оваа држава и со нивните информации можеме да придонесеме на јавноста и на државата да им се појаснат некои нешта.

Колку и да се трудат соодветни центри на замислена моќ да ни претставуваат дека Македонија „не ја бива“ како држава, сепак ние сме биле малку повеќе од организирана држава.

Значи, во 1978 година е создаден комплетен документ за јаглен и за битуменски шкрилци. Со сите наоѓалишта. Еве каков бил пристапот кон едно од нив. Наоѓалиште-Козарик, Мајдан-Кавадарци, со точно утврдени коти, со краток историјат за развој на рудникот и негов статус, Хидрогеологија на лежиштето, Јагленосна серијаод седум типа на јаглен: Темно кафеав глинец, жолт глинец дијатомит итн., распространетост и положба на јагленосната сесија, макропетрографски карактеристики и нормално физички и хемиски карактеристики: содржина на влага, пепел, испарливи материи, долна и горна калорична вредност .

Составувачот на теркот: Ацо Чипан дипл.инж. геолог заклучил дека постојат можности за пронаоѓање на лежиште од економско значение.

Се поставува прашањето зошто не се има ваков пристап кон сите наоѓалишта кои се на подрачјето на Македонија, без разлика за каков тип на минерални суровини станува збор?!

Одговорот е многу едноставен. Иако е зачудувачки носителот на оваа стратегија да мисли дека нема научно спремни личности кои можат да ја побијат во сите сегменти вака составена стратегија.

Мене лично, како дипломиран инжинер за екстрактивна металургија, ме интересираат нормално металичните суровини пред сè во овој момент прогласен за критичен и економски најисплатлив елемент за наши услови – бакарот, а тоа го потенцираше Европската Унија.

Но, за жал, во оваа финална верзија на стратегијата објаснето е само дека на одредени места кои не се прецизирани колку тони руда на бакар постојат. Без притоа да се дообјасни што би значело ако Македонија пројави интерес да врши директна екстракција на рудата до метал и негово понатамашно обратување што би значело организирање на металургиски комплекс Топилница.

Ова најмалку од сè е случајно. Во науката случајности никогаш немало. Најстариот рудник за бакар на Балканот е создаден пред 5.000 години. Инаку со бакар секогаш идат и други проратни елементи кои стануваат многу исплатливи злато, сребро и ретки метали.

Раководителот на оваа стратегија упорно и во првата верзија и во втората верзија намерно го прогласува рудникот Бучим само за бакар, без притоа геолошки да објасни каде го снема златото од овој рудник за кој некогашниот негов директор Ванчо Чифлиганец во своите монографии објаснува дека со истото делел тринаесетта плата, создаден е првиот златен денар, удрен е камен темелник на фирмата „Голд Мак“ за накит од злато и дијаманти со првиот претседател на независна Македонија, Киро Глигоров.

Исто така во стратегијата се потврдува дека во Македонија е забранета употреба на цијанид кој се употребува за екстракција на злато, но не се напоменува дека во законот за минерални суровини е извршена измена која гласи: „Концесија за експлоатација на минерални суровини не може да се додели за постапки со лужење или флотација на металични минерални суровини со цијаниди или со сулфурна киселина во рудници со отворен коп. Исклучок се концесиите за експлоатација на металични суровини на веќе постојните рудници“.

Се поставувааат повеќе логични прашања:

Која е потребата на Бучим да користи цијанид ако нема злато?

Зошто не се врши контрола на концентратот кој се изнесува и тоа на секој камион, а тоа е чин од три дена?

Зошто упорно се тврди всушност се лаже дека докажаните наоѓалишта ќе го загадат подрачјето каде би работеле?

Одговорот е во руските медиуми. Автентично пренесувам.

„Во Македонија, Борнштајните (Александар Бронштајн) се здобија со две стари рударски погони и една фабрика за феролегури за затворање. Солвеј, според Форбс инвестрирал 100 милиони долари во развој на средства, со што станал еден од најголемите инвеститори во Македонија…

Интересно е тоа што лиценците почнаа да им се одземаат на ривалите на Солвеј под притисок на локалните активни екологисти. Еден од поактивните на ова поле беше Крум Велков кој е отворен промотор на интересите на Руската Федерација во Македонија. Велков и неговиот вработен Ангел Наков спроведуваат активности против западните рударски компании, како што се Canadian Reservoir Minerals или украинско-англиската Sardich.

Тој ги поддржува локалните невладини организации кои го напаѓаат проектот за бакар и злато Иловица. Сите овие проекти во моментов се суспендирани.

Сè поголем број на вистински експерти во финансирање и развој на невладини организации се одлучни дека голем број на активисти во доменот на заштита на животната средина, а кои се имаат самопрогласено за „екологисти“ се служат со дезинформации и со лажни вести.

На лагата ѝ се кратки нозете.

П.С. Во делот на делување против отворање на хидроцентрали посебно како што се проектите Луково поле и Бошков Мост информациите за активистите не се запрепастувачки туку одвратни како работеле против економскиот развој преку енергетиката во Македонија.

Поврзани содржини