Наука, а не лаги!
Во Македонија имаме среќа да се најдеме на патот на бакарот кој поминува низ источна Македонија. Започнува од Крива Паланка, Кратово, Пробиштип, Старо Нагоричане, Валандово, и завршува во месноста Иловица –Штука. Токму оваа последна локација важи за најголем рудник во Македонија кој би се градел по најнови еколошки и индустриски стандарди и само во првите две години би внел во општините Босилово и Ново Село 350 милиони евра директна инвестиција.
За да може да се разговара за менаџирање со отпад и решавање на кризата со него секој кој има одлучувачка моќ во нашето општество мора да се води по следнава девиза.
Ние мораме да се сконцентрираме на индивидуи кои не само што сакаат да ги разберат принципите на справување со отпадот, туку ќе ги предизвикаат нив, ќе побегнат од вообичаениот начин на размислување, и ќе развијат нови и подобрени идеи, кои ќе имаат позитивно влијание и ќе ја одржуваат околината за оние што доаѓаат, а тоа се нашите деца и внуци, на кои ќе им овозможат да уживаат во деликатната убавина на цветањето во пролет, повикот на птицата, жубуркањето на реката, грациозниот скок на еленот, завивањето на волкот, брзината на желката итн.
Затоа мора да се размислува прагматично и долгорочно. Легендарниот геофизичар Ханс Тамемаги еден од најголемите умови за менаџирање со отпад ќе заклучи дека напуштените јами, каменоломи и рудници се атрактивни за отстранување на отпадот бидејќи дупка која би го собрала е веќе ископана. Науката секогаш дава конкретни реални и прагматични решенија кои се употребуваат низ цела Европа. И затоа науката преминала во нова фаза. Ископите посебно отворените, да ги преуредува во плантажи за портокал, лимон, калинка, јапонско јаболко итн., или пак во зависност од големината во езеро и туристички места или пак мали амфитеатри и паркови. Ова е науката.
За жал. Македонија е заложник на лажни „кредибилни“ научници. Кои не се инфилтрирани во т.н. НВО сектор, туку напротив се инфилтрирале во универзитетите. Овие личности мора да ги препознае и разоткрие јавноста пред се, но и самата држава. Да изнесуваш лаги за рудни богатства кои не постојат во Македонија, за мене лично е повеќе од кривично дело.
Пред да обзнанам, би сакал да повторам факти кои се во прилог за индустриско-еколошки-земјоделски развој.
Европската Унија забрзано реагира на моменталната и идната геополитичка ситуација кога станува збор за критични метали. Пред сѐ, мислат на бакар, литиум и на никел. Нивната реакција по однос на овие метали е дека мора да се отворат нови рудници во наредните 27 месеци и државите да ги овозможат сите правно-формални механизми.
Во Македонија имаме среќа да се најдеме на патот на бакарот кој поминува низ источна Македонија. Започнува од Крива Паланка, Кратово, Пробиштип, Старо Нагоричане, Валандово, и завршува во месноста Иловица –Штука. Токму оваа последна локација важи за најголем рудник во Македонија кој би се градел по најнови еколошки и индустриски стандарди и само во првите две години би внел во општините Босилово и Ново Село 350 милиони евра директна инвестиција. Истиот рудник би вработил во наредните 25 години директно и индиректно членови на 3.500 домаќинства што би значело во околината импакт врз 28 проценти од населението и ќе има значителна улога за намалување на 14 проценти на дефицитот на државата Македонија. Најголемата придобивка за цела Македонија е тоа што првенствено ќе ја подигне и стабилизира просечната плата и ќе ја сопре чумата во демографска смисла.
Главниот инвеститор е фирмата Трафигура која секоја година има вкупен приход во просек од 250 милијарди евра.
И наместо да зборуваме со факти универзитетски професор од универзитетот „Климент Охридски“ од Техничкиот факултет во Битола се обидува да ја лаже целата нација дека Македонија поседува, автентично ќе пренесам: „Најновиот ‘хит’ во рударството е литиумот – стратешки метал од кој ќе зависи Зелената транзиција кон обновливи извори на енергија, но и експанзијата на електричните автомобили, поради потребата од лесни батерии со голем капацитет за складирање електрична енергија. Литиумската треска веќе ја зафати Србија, а беше само прашање на време кога експлоатацијата на литиумот ќе стане актуелна и во Македонија. Во нашата земја се откриени резерви на литиумска руда, најверојатно во форма на минерали како сподумен или лепидолит. Според проценките, овие резерви се вредни околу 10 милијарди долари, со вкупно приближно 1 милион тони литиум. За жал, македонската влада, навикната да раскрчмува сè и сешто, се подготвува да ги даде и рудниците на литиум под концесија – слично како и останатите рудници на метали и неметали во земјата.“
И затоа јавно го замолувам професорот кој според неговата професионална биографија предава на наши деца 6 (шест) предмети, да си одбере соодветна класификација за неговите шпекулации кои ги шири во јавноста.
Почитуван, Дејан Трајковски, т.н. професор на студенти кои слушаат шест предмети на Техничкиот факултет- Битола, би сакал да одговорите јавно на следниве прашања:
Кога е распишан конкурс за геолошки испитувања за критичниот метал литиум?
Кој ја добил концесијата за да ја изврши постапката за геолошко истражување и докажување дека има концентрација на литиум во Македонија?
Каде и на кое место се наоѓа концентрацијата на рудата литиум и кои се координатите на територија на Македонија?
За оваа јавно искажана шпекулативно манипулативна информација за постоење на некакво богатство од рудата литиум не очекував дека ќе го прави професор од сериозен факултет и универзитет.
Оваа приказна завршува на неколку начини. Си има повеќе институции правосудни и останати. Јас ќе се држам до науката.
Македонија има сериозни геолози кои во многу блиска иднина ќе го создадат геолошкото депо и сите граѓани на Македонија ќе знаат точно со какво и во колку количини на богатство располагаме.
П.С. Профоесоре Трајковски, подготвен сум за јавна полемика со Вас во секое време за рудните богатства на Македонија, а дотогаш имам што многу да Ви кажам во следните колумни.