Фосфан е името на специфичниот гас пронајден во атмосферата на планетата Венера, кој ги наведува научниците на помислата дека ова е трага од живот. Неколку дена по ова откритие, во светот на науката и натаму преовладува збунетост и неверица.
На надморска височина од околу 50 километри над површината на оваа планета, научниците откриле фосфан, кој обично се ослободува од живи организми. Венера е позната како карпеста планета-близнак на Земјата, на која просечната температура е повисока од 460 Целзиусови степени. Затоа астрономите и научниците досега беа фокусирани на потрага по живот на планетата Марс.
Напорите на науката сега ќе се насочат да се објасни појавата на гасот фосфан над Венера, бидејќи засега нема друго објаснување освен тоа дека овој гас потекнува од живи организми. Повеќе за овој феномен во овој видео прилог: