НАУЧНИЦИТЕ СОЗДАДОА ТЕСТ КОЈ ОТКРИВА АУТИЗАМ ОД ЕДНО ВЛАКНО КОСА Точно го предвидува аутизмот во 81 отсто од случаите
„Можеме да откриеме аутизам со само еден сантиметар коса. Проблемот е што тој се дијагностицира дури на четири години, а дотогаш мозокот веќе поминал низ значаен развој. Со нашиот тест сакаме да овозможиме рана интервенција“, изјавил за NBC News коосновачот на компанијата Маниш Арора.
Научниците развија универзален тест за аутизам кај бебињата, за кој е доволно само едно влакно коса. Тестот ги мери нивоата на метали, како што се олово и алуминиум, кои се повисоки кај аутистичните деца. Се покажа дека точно го предвидува аутизмот во 81 отсто од случаите, пишува Journal of Clinical Medicine, списание во кое беа објавени резултатите од студијата.
Научниците го тестирале својот метод на прамени коса собрани од 220 јапонски деца кога имале околу еден месец. Резултатите потоа биле споредени со клиничката дијагноза на аутизам, направена кога децата имале околу четири години. Тие откриле дека нивниот тест правилно го идентификувал аутизмот во 394 случаи (81 отсто од вкупниот број).
Повеќе за ова на порталот „Мајка и дете“.