Научниците се загрижени дека коронавирусот се прилагодува на луѓето
Истражувачите забележале мутации во некои видови што можат да помогнат да се шири вирусот.
Научниците откриле докази за мутации кај некои видови на коронавирус кои сугерираат дека патогенот може да се прилагоди на луѓето откако ќе се прелее од лилјаците, oбјави „Guardian“.
Анализата на повеќе од 5.300 геноми на коронавирус од 62 земји покажува дека иако вирусот е прилично стабилен, некои имаат стекнато мутации, вклучително и две генетски промени што го менуваат критичниот „шилест протеин“ што вирусот го користи за заразување на човечките клетки.
Истражувачите од „London School of Hygiene and Tropical Medicine“ потенцираат дека не е јасно како мутациите влијаат на вирусот, но бидејќи промените се појавиле независно во различни земји, тие можат да помогнат вирусот полесно да се шири.
Мутациите во моментов се ретки, но Мартин Хиберд, професор за појава на заразни болести и постар автор на студијата, вели дека нивното појавување ја нагласува потребата за глобален надзор на вирусот, така што се повеќе загрижувачки промени се прибираат брзо.
– Ова е токму она што треба да го бараме. Луѓето прават вакцини и други терапии против овој „шилест протеин“, бидејќи се чини дека е многу добра цел. Треба да внимаваме на тоа и да се увериме дека сите мутации не уништуваат ниту еден од овие пристапи – рече Хиберд.
Студиите за вирусот претходно открија за тоа дека обликот на неговиот „шилест протеин“ му овозможи да се врзува со човечките клетки поефикасно од САРС, поврзан вирус што предизвика епидемија во 2002 година. Разликата можеби помогна најновиот коронавирус да инфицира повеќе луѓе и да се шири брзо околу светот.
Научниците ќе бидат загрижени доколку се појават посеопфатни мутации во „шилестиот протеин“, не само затоа што може да го променат начинот на кој се однесува вирусот. „Шилестиот протеин“ е главната цел на водечките вакцини ширум светот, и доколку се промени премногу, тие вакцини можеби нема повеќе да бидат ефикасни. Другите потенцијални терапии, како што се синтетички антитела во кои се протега протеинот, исто така може да бидат помалку ефикасни.
– Ова е рано предупредување. Дури и ако овие мутации не се важни за вакцините, може да бидат други мутации и ние треба да го одржуваме надзорот, така што не сме затекнати со примена на вакцина која делува само против некои видови – рече Хиберд,
Научниците анализирале 5.349 геноми на коронавирусот кои биле поставени во две главни бази на податоци за генетика уште од почетокот на појавата. Проучувајќи ја генетската шема на вирусите, научниците разбрале како таа се диверзифицирала во различни видови и барале знаци дека се прилагодува на својот човечки домаќин.
Во една необјавена студија, која допрва треба да биде разгледана, истражувачите идентификуваа две широки групи на коронавируси, кои сега се шират на глобално ниво. Од двете мутации, едната е пронајдена во 788 вируси ширум светот, а другата е присутна само во 32.
Студијата покажува дека, до јануари, една група на коронавируси во Кина избегнала откривање, бидејќи тие имале мутација во генетскиот регион на кој се потпирале раните тестови. Неодамнешните тестови ги откриваат сите познати типови на вируси.
Минатиот месец, меѓународен тим на научници користеше генетски анализи за да покаже дека коронавирусот најверојатно потекнува од лилјаци и не е направен во лабораторија, како што тврдат некои теоретичари на заговор.