НАТО ОСТАНУВА БУДЕН Алијанската ја следи ситуацијата во Полска 

НАТО останува солидарен со Полска, нашиот ценет сојузник, ја следи ситуацијата и ќе одржува контакт додека се разјаснат фактите, објјави генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.

343

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, изјави дека Алијанската будно ја следи ситуацијата во Полска по извештаите дека руска ракета можеби навлегла во полскиот воздушен простор. Британските медиуми ја пренесуваат неговата изјава објавена на Твитер.

„Разговарав со претседателот Анджеј Дуда за ракетниот инцидент во Полска. НАТО останува солидарен со нашиот ценет сојузник, ја следи ситуацијата и ќе одржува контакт додека се разјаснат фактите“ – увери Столтенберг и додаде дека „НАТО останува буден“.

Поврзани содржини