НАТО ни испраќа 60 респиратори за справување со ковид-19

Предвидено е министрите Шекеринска, Османи и Филипче да дадат изјава за медиумите по приемот на донацијата, соопшти Министерството за одбрана.

268

Во Скопје денеска треба да пристигнат 60 респиратори, донација од НАТО за справување со последиците од пандемијата на ковид-19.

Донацијата од НАТО Доверителниот фонд, вредна 1,4 милиони евра, на Меѓународниот аеродром Скопје, ќе ја примат министерката за одбрана Радмила Шекеринска, шефот на дипломатијата Бујар Османи и министерот за здравство Венко Филипче.






Предвидено е министрите Шекеринска, Османи и Филипче да дадат изјава за медиумите по приемот на донацијата, соопшти Министерството за одбрана.

Поврзани содржини