НАТО НЕ БАРА ВОЈНА СО РУСИЈА Столтенберг го повика Путин да ја повлече војската од Украина

Го повикуваме Путин да ги прекине воените дејствија и да ги повлече сите сили од Украина без никакви услови и да започне преговори, изјави генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.

960

НАТО е дефанзивен пакт и наша цел е да ги чуваме нашите 30 земји-членки безбедни. Ние не сме дел од овој конфликт и имаме обврска овој конфликт да не ескалира надвор од границите на Укриана. НАТО не бара војна со Русија, изјави на денешната прес-конференција генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, по состанокот во Брисел на министрите за надворешни работи од Алијансата со Финска, Шведска и ЕУ.

Столтенберг, нагласи дека „ова е војна на Путин што тој ја избрал и планирал против недолжна држава“.






– Го повикуваме Путин да ги прекине воените дејствија и да ги повлече сите сили од Украина без никакви услови и да започне преговори – изјави Столтенберг.

Прашан дали денеска било разговарано за затворање на небото над Украина, Столтенберг рече дека НАТО има обврска да не дојде до ескалација во полна војна во Европа.

– Единствен начин да се гарантира „зона без летови“ над Украина е да се распоредат сили… Ако го направиме тоа, може да резултира со полна војна во Европа и да вовлече многу повеќе земји. Затоа е нашата одлука да не ги инволвираме НАТО силите директно во Украина, ниту на земја, ниту на воздух – изјави Столтенберг.

Во однос за можната поддршка на земјите кои се „загрозени“ како Босна и Херцеговина и Грузија, Столтенберг рече дека НАТО веќе дава различни типови поддршка на овие земји за јакнење на капацитетите.

– Немаме конкретен договор, но разговараме дека е неопходно да им помогнеме на овие земји за јакнење на нивните капацитети – изјави Столтенберг.

Ќе продолжиме, нагласи Столтенберг, да преземаме сè што е неопходно за гарантирање на безбедноста на сите НАТО земји членки, а веќе работиме и на јакнење на нашата координација и споделување на информациите со Финска и Шведска.

Поврзани содржини