НАТО ИМА ПРОБЛЕМ Две членки не го забележаа дронот што падна во Загреб

Ова е сериозен инцидент. Треба да се утврди како е можно беспилотно летало од шест тони со големина на авион да „помине повеќе од еден час над членка на НАТО, а никој да не го забележи“. Како што стојат работите, полетало од Украина и паднало над Загреб кога останало без гориво, рече претседателот на Хрватска.

3,435

Дронот тежок дури шест тони кој со 700 километри на час леташе на висина од 1.300 метри воопшто не го регистрирале радарите и безбедносните системи на двете земји низ кои поминал пред да стигне во Хрватска. Ова е голем проблем за НАТО, иако за среќа се работи за невооружен дрон. Хрватска на својата територија има неколку радари ФПС 117, но ни тие не се во можност да препознаваат вакви летала, пишува ЈутарниЛист.

Една од причините што радарите тешко препознаваат дронови е тоа што тие летаат многу ниско. Во случајот со ТУ141, кој е од советско производство, дронот погрешно тргнал накај областа Јарун во Хрватска и летал додека имал погон. Според Виктор Орбан, дронот во Унгарија влегол преку Романија, а бил наменет за во Украина, иако не се знае дали го користеле украинските или руските сили.






Хрватската страна стапила во контакт со украинската влада да видат дали тие имаат податоци како леталото стигнало дури до Загреб. Подоцна, сепак хрватскиот министер за море, сообраќај и инфраструктура, Олег Бутковиќ, рече дека леталото го забележало Хрватската контрола за воздушен сообраќај и дека 3 ипол минути дронот бил видлив на радар, како доаѓа од насока на североисток. Кажа и дека таа контрола го следи цивилното воздухопловство, па ѝ го јавила ова на хрватската армија.

Со свој коментар за случајот излезе и хрватскиот претседател Зоран Милановиќ:

– Ова е сериозен инцидент. Треба да се утврди како е можно беспилотно летало од шест тони со големина на авион да „помине повеќе од еден час над членка на НАТО, а никој да не го забележи“. Како што стојат работите, полетало од Украина и паднало над Загреб кога останало без гориво – рече тој и додаде:

– Не добивме никаква дојава. Објектот летал над Унгарија повеќе од 40 минути, во Хрватска летал помалку од седум минути и паднал во областа Јарун, во Загреб, за среќа без жртви. Ова е сериозен инцидент и ние така се однесуваме кон него. Во тек е истрага, сакаме да ги утврдиме сите детали.

Претседателот ги повика хрватските граѓани да останат смирени, посочувајќи дека според проценките дронот не било насочен кон Хрватска.

– Во моментов, предмет на сериозна истрага е како е можно никој да не го забележал ова – посочи тој.

Поврзани содржини