НАТО ЌЕ ГО ВКЛУЧИ СВОЈОТ „ТУРБО ПОГОН“ Руте смета дека Алијансата ќе стане посилна со Трамп на чело на САД

Заедно можеме да постигнеме мир преку сила - преку НАТО, рече генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, откако му упати честитки на претседателот Доналд Трамп за неговата инаугурација.

210

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, очекува дека враќањето на Доналд Трамп како претседтаел на САД ќе значи брзо и значително зајакнување на западниот воен сојуз.

„Со враќањето на претседателот Трамп на функцијата, ќе ги засилиме трошоците за одбрана и производството“, објави Руте на социјалната мрежа Икс.






Руте му упати „топли честитки“ на Трамп за неговата инаугурација како 47-ми претседател на САД и му честиташе на Џеј-Ди Венс кој сега е потпретседател.

„Заедно можеме да постигнеме мир преку сила – преку НАТО“, заклучи Руте.

Трамп ги повика земјите-членки на НАТО да одвојат 5% од својот бруто домашен производ за одбраната, наспроти претходната цел на НАТО од 2%.

НАТО ГО ОТФРЛИ ПРЕДЛОГОТ НА ТРАМП, НО ЌЕ ТРОШИ ПОВЕЌЕ ЗА ОДБРАНА Се очекува зголемување на прагот од 2% од БДП за земјите од сојузот

Поврзани содржини