НАТО БАРА, НИЕ ДОСТАВУВАМЕ Македонија ќе вложува повеќе за појака Армија, вели Мисајловски
Министерот Мисајловски истакна дека средствата ќе се зголемуваат постепено, а за нас е исклучително важно одбранбениот буџет да значи исполнување на НАТО Целите на способности.
Министерот за одбрана Владо Мисајловски објави дека Македонија ќе ги зголеми инвестициите во одбраната, во согласност со одлуките донесени на денешната сесија на Самитот на НАТО во Хаг.
– Инвестициите ќе значат нова, модерна и софистицирана опрема за Армијата, како и професионални и стручни војници. Македонија е целосно посветена на оваа одлука. Средствата ќе се зголемуваат постепено, а за нас е исклучително важно одбранбениот буџет да значи исполнување на НАТО Целите на способности – изјави Мисајловски.
Тој заедно со претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски и началникот на Генералштабот, генерал-мајор Васко Лафчиски, учествуваше на НАТО Самитот кој се одржува во Хаг, Холандија.
– НАТО е најмоќната Алијанса во историјата, а зголемените инвестиции ќе овозможат тоа да остане така и во иднина – нагласи Мисајловски по сесијата.