Настрада пешак во сообраќајка во Скопје

599

Пешак вчера починал откако во него удрило патничко возило „опел астра“, соопшти МВР.

Несреќата, како што соопшти МВР, се случила на  булеварот Александар Македонски во Скопје кога патничко возило „опел астра“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Т.З.(48) од Скопје, удрило во пешакот А.Б.(77) од Скопје.






Од ударот А.Б. починал на местото на настанот, а смртта ја  констатирала екипа од итна медицинска помош.

Увид на местото извршила увидна екипа на СВР Скопје.

Поврзани содржини