Наследничкта на империјата „Сваровски“, Викторија Сваровски (27), е фотографирана на плажа во Марбеља, Шпанија, со својот сопруг, финансискиот могул Вернер Мурз (43).
Сопружниците уживале во убавините на плажата во Марбеља, а двојката изгледала многу вљубено и среќно. Цело време се бакнувале и прегрнувале и јасно е дека меѓу нив љубовта е многу силна. Интересно е тоа што Викторија е во врска со Вернер уште од тинејџерските денови, односно уште од 2010 година.
Оваа 27-годишна Германка го покажала прекрасното тело во класично црвено бикини.
Во 2017 година, цел свет зборуваше за раскошната венчавка на наследничката на „Сваровски“, и финансискиот могул што се одржа во луксузен италијански ресорт. Невестата тогаш носеше венчаница од милион и пол евра, а фотографиите од бајковитата венчавка го обиколија светот.
Викторија носеше неверојатна гламурозна венчаница вредна милион долари која на себе имала околу 500.000 „Сваровски“ кристали и тежела 45 килограми.
Инаку, оваа Германка во тинејџерските години, како и во раните 20-ти години имала и успешна музичка кариера, а во 2014 година настапувала на Зимските олимписки игри во Сочи, додека пак во 2010 година снимила и музика за холивудскиот филм „The Chronicles of Narnia: The Voyage of the Dawn Treader“.
Денес Викторија е посветена на телевизиската кариера – водителка е на шоуто „Let’s Dance“, а исто така е и инфлуенсерка.
View this post on Instagram
ФОТО: Инстаграм