Наскоро се укинува евтината струја?

Инаку, речиси пред две години владата предводена од СДСМ ја врати евтината тарифа на струја, а ова им беше едно од главните предизборни ветувања.

5,131

Деновиве се очекува РКЕ да ја утврди цената на струјата што граѓаните ќе ја плаќаат во следниот период. Трите компании, државните ЕСМ и МЕПСО и приватната ЕВН веќе ги доставија своите пресметки на материјални трошоци, по што РКЕ ќе ја утврди новата цена. Според информации на Сител се размислува и за укинување на евтината тарифа, која беше воведена пред околу две години. Од РКЕ велат дека во петок ќе се знае. Тогаш треба да се утврди новата цена за топлинска енергија, која според некои информации ќе се намали.

Инаку, речиси пред две години владата предводена од СДСМ ја врати евтината тарифа на струја, а ова им беше едно од главните предизборни ветувања. Примената започна од октомври 2017-та. Секој работен ден и сабота од 14 до 16 часот и по 22 часот до 7 наутро граѓаните  имаат можност да ја користат, како и секоја недела преку целиот ден. Според информации на Алсат, заговорнциите на идејата за укинување на евтината струја настапиле со став дека цената на струја во Македонија била најниска во Европа и освен кај нас модел на користење на струја како евтина тарифа нема никаде. Од друга страна, биле изнесени аргументите дека Македонија не може да се споредува со држави со многу повисок стандард и ваквата одлука дополнително би го оптовариле домашниот буџет.






Граѓаните на земјите членки на ЕУ плаќаат повисока цена во последнава година, во споредба со претходниот период. Од 2018 година до средина на 2019 година просечно цената на струјата се зголемила за 1,3%, покажуваат податоците од Еуростат. Според податоците на Еуростат скоро 41 отсто од цената на струјата отпаѓа на даноци. Покрај цената на струјата раст од 1,7 отсто е забележан и кај цената на гасот.

Поврзани содржини