Наскоро ќе биде објавен петтиот сет мерки, кој сега е во фаза на преговори

Во тек се, рече Бектеши, консулатациите со стопанските комори и со сите засегнати страни, за да се донесат што поефикасни решенија.

283

Кон крајот на овој месец или најдоцна во првата недела од февруари Владата ќе излезе со петтиот сет антикризни мерки, соопшти денеска министерот за економија, Крешник Бектеши.

Во тек се, рече Бектеши, консулатациите со стопанските комори и со сите засегнати страни, за да се донесат што поефикасни решенија.






Министерот оцени дека досегашните четири пакети го даддоа очекуваниот резултат, и во делот на зголемување на ликвидноата на компаниите и во делот на зачувување на работните места.

-Во моментов разговараме, не се точно дизајнирани мерките. Има различни предлози, но во рамки на можностите и буџетските средства определени за КОВИД програмата и секако, по состаноците со стопанските комори, ќе излеземе и заеднички ќе ги презентираме, напомена Бектеши.

За најпогодените сектори, како туристичкиот и угостителскиот, додаде дека „секако ќе има мерки, но како ќе изгледаат, ќе треба прво да се причекаат сите предлози од стопанските комори“.

Поврзани содржини