НАСИЛСТВОТО Е ДЕЛ ОД СТРАТЕГИЈАТА НА ФИЛИПЧЕ? Кој му дал зелено светло на Акиов, прашува ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ продолжува да биде систем за заштита на насилници, обвинува ВМРО-ДПМНЕ.

92

Дали Аки Акиов, советникот од СДСМ кој нападна вработена во Советот на општина Кочани, сам решил да го направи истото или некој му дал зелено светло? Насилството доаѓа од партиски кадар на СДСМ, Филипче молчи и не се оградува од Акиов, обвинува ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.

„Дали тоа значи дека тој ги тестира границите или можеби станува збор за враќање на услуга или затоа што ако прозбори може да се открие валканата мрежа што Филипче ја прикрива откако ја презема партијата? Дали насилството е дел од стратегијата на СДСМ, или да креира тензии, да ја дефокусира јавноста и да создава паника? Дали Филипче и неговиот идол Заев му дале зелено светло на Акиов за вакво однесување? Кога советник од партија на чие чело е Филипче врши насилство, а партискиот врв молчи тоа веќе не е случајност туку е план. Дали ова е генерална проба или режија на СДСМ за предизвикување на паника во јавноста? СДСМ продолжува да биде систем за заштита на насилници“, се вели во соопштението.

Поврзани содржини