НАСИЛСТВО ВО КУМАНОВО Кумановец со уцени и закани изнудил 16.000 евра од 47-годишна жена

Во текот на вчерашниот ден во Куманово е пријавен уште еден случај на насилство кога 47-годишник физички ја нападнал неговата сопруга по што бил пријавен и приведен во полиција.

353

Во Куманово е приведен 37-годишен кумановец кој со уцени и закани изнудил 16.000 евра од негова сограѓанка и од нејзиниот сопруг. Во текот на вчерашниот ден во Куманово е пријавен уште еден случај на насилство кога 47-годишник физички ја нападнал неговата сопруга по што бил пријавен и приведен во полиција.

„На 14.06.2024 во 04.00 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода И.М.(37) од Куманово, постапувајќи по претходна пријава дека се заканувал на 47-годишна жена од Куманово и нејзиниот 49-годишен сопруг и дека од декември 2022 година до 13.06.2024 со уцена од жената изнудил околу 16.000 евра. Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.






На 14.06.2024 во 21.30 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Т.Т.(47) од Куманово затоа што физички ја нападнал неговата 44 – годишна сопруга.Т.Т. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава“ – стои во билтенот од МВР.

 

Поврзани содржини