НАСИЛНИОТ НАСТАВНИК МОЖЕ ДА ЛЕЖИ И ДО ПЕТ ГОДИНИ ЗАТВОР Ученикот бил малтретиран, тепан и понижен
За ова кривично дело законодавецот во ченот 130 предвидел заторска казна од шест месеци до три години, а пак за кривичното дело, малтретирање во вршење на службата (член 143) е предвидена казна и до пет години.
Вознемиреност, револт, барања за отказ, но и за кривична одговорност на насилниот наставник кој на час по англиски јазик тепа и малтретира ученик стасуваат на адреса на основното училиште во скопската насеба Бутел каде денеска се испратени и просветни инспектори да го истражат и да предложат санкции за овој тежок инцидент.
Јавноста е згрозена и не престанува на социјалните мрежи да бара правда и најстрога казна поради малтретирањето и изживувањето, откако во петокот на Фејсбук беше споделено вознемирувачко видео на кое јасно се гледа како возрасен маж за кој подоцна се дозна дека е наставник по англиски јазик во ОУ „Панајот Гиновски“ тепа ученик во училница.
Насилниот наставник прво му удира на ученикот две шлаканици по лицето, на двата образи, одеднаш го зграпчува и го крева во воздух и го спушта на земја. На овој згрозувачки и потресен чин, како што може да се види од снимката сведоци се деца, сооченици на тепаниот ученик кој е понижуван пред нив.
Насилството не само што е недозволиво, туку треба најостро да биде казнето, порачуваат родители, психолози, политичари.
Меѓу првите кои јавно го осудија овој настан и побараа итна реакција и истрага на Јавното обвинителство и од МВР е новиот градоначалник на Општината Бутел Дарко Костовски, кој од денеска ја презема функциката и најави дека тој лично ќе се ангажира да се расветли овој тежок инцидент.
– Најостро го осудувам настанот со тепањето на ученик од ОУ „Панајот Гиновски“. Видеото кое излезе на социјалните мрежи покажува како не смее да постапува еден наставник. Наставникот не само што го тепа детето, туку со ваквиот чин нанесува тешка траума на ученикот. Директорката на училиштето и МОН да преземат активности и да покренат постапка за отказ на наставникот, а МВР и ЈО да отворат кривична постапка – вели Костовски.
Тој апелира до надлежмите дека одговорност мора да има и нагласува дека на насилниците не им е местото во училиштата.
– Наставникот треба да образува и да воспитува, а не да се застрашува, малтретира и шиканира. Децата од училиште мора да излезат со знаење, а не со трауми. Стоп за насилството врз децата. Доколку институциите молчат јас како градоначалник веднаш по преземањето на функцијата ќе искористам се што е во моја законска надлежност овој случај да не остане неказнет – вели Костовски.
Насилството демонстрирано од наставник врз ученик, покрена и лавина реакции и од стручни луѓе кои исто така упатија апели итно да се истражи случајот, да се казни насилникот, но да се види дали има одговорност и на стручните служби во училиштето кои треба да поведат сметка не само за поведението на децата, туку и на возрасните кои се платени да воспитуваат и едуцираат.
– Живееме сите во едно поинакво време. Стрес од сите страни, а ние сме во оној вакум простор. Децата имаат повеќе права одколку обврски, но во училиштата постои стручна служба која би работела со ученик кој појавил одредено несоодветно однесување. Наставникот во тој случај би требало да биде медијатор помеѓу ученикот и психологот или педагогот во училиштето. Постојат методи, од советување на ученикот, родителот, потоа мерки на усна, писмена опомена, намалување на поведението. Постои закон кој во случајов не е испочитуван. Училиштето е воспитно-образовна институција, но од видеото перцепирам еден наставник кој не е во можност да делува на сопствената контрола, а тоа говори многу за профилот на неговата личност – вели психологот Ирена Николовска Ристановска.
Плусинфо побара одговори од надлежните во Министерството за образование кои не сакаат да прејудицираат каква казна ќе добие наставникот и дали ќе биде суспендиран од работа.
Првиот човек на Просветниот инспекторат Африм Салиу за Плусинфо вели дека инспектори во моментов се во училиштето и го истражуаат случајот за кој била поднесена претставка во петокот. Тој, вели дека законот има јасен член кој пропишува забрана на какво било насилство врз ученици – физичко, психичко или сексуално, но дека ќе треба да се почека по увидот на инспекорите за да се утврди што се случило во училиштето и да се согледа одговрноста на инволвираните во овој настан.
Јавноста на социјалните мрежи побара и кривична одговорност за наставвникот, а правниците сметаат дека не е искучено и тоа да му се стави на терет на насилникот кој направи повреда на правото на детето според чл.130 и чл. 143 од КЗ.
За ова кривично дело во Кривчниот законик законодавецот во ченот 130 предвидел заторска казна од шест месеци до три години, а пак за кривичното дело, малтретирање во вршење на службата (член 143) е предвидена казна и до пет години.
„Тој што во вршењето на службата малтретира друг, го застрашува, го навредува или воопшто спрема него постапува на начин со кој се понижува човечкото достоинство и човековата личност, ќе се казни со затвор од една до пет години“, се вели во Кривичниот законик.
Додека полицијата, просветните инспекори го истражуваат случајов, вознемирените родители се во исчекуввање и на одлуката на дисциплинската комисија која како што најави претходно директорката на училиштето ќе заседава уште денеска.