НАШОЛ БОМБА ДОДЕКА ЈА БАРАЛ ЧАНТАТА НА ЖЕНАТА ВРЗ КОЈА ПАДНА ДРВО ВО КАРПОШ Експлозивната направа се анализира, полицијата истражува

Граѓанин пријавил дека, додека ја барал чантата на повредената, пронашол експлозивна направа, соопшти полицијата.

1,732

Граѓанин вчера, барајќи ја чантата на жената врз која падна дрво при невремето во Карпош, нашол бомба.

„На 20.7.2026 година во 20:25 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Карпош паднало дрво и со тешка телесна повреда се здобила К.М.(86) од Скопје, по што била пренесена во Јавна здравствена установа „Св.Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош. Исто така, граѓанин пријавил дека, додека ја барал чантата на повредената, пронашол експлозивна направа, која подоцна е подигната од местото за понатамошна постапка. Известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на настанот“, соопшти полицијата.






📷 ЖЕНА ПОВРЕДЕНА ОД НЕВРЕМЕТО ВО СКОПЈЕ Во Карпош се расчистуваат паднатите дрвја по силниот ветер

Поврзани содржини