НАШЕТО ЗНАМЕ ЌЕ СЕ ВЕЕ ВО КРИМ Зеленски порача не дава дел од земјата за мир со Русија
Украинците не се подготвени да се откажат од својата земја, да прифатат дека овие територии и припаѓаат на Русија. Ова е наша земја, наведе Зеленски.
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски за американската телевизиска мрежа Си-ен-ен изјави дека Киев не е подготвен да жртвува дел од својата територија за мир со Русија.
– Украинците не се подготвени да се откажат од својата земја, да прифатат дека овие територии и припаѓаат на Русија. Ова е наша земја – наведе Зеленски.
Претходно оваа година, рускиот претседател Владимир Путин потпиша декрети за независност на Доњецк и Луганск, украински територии, а на 24 февруари Русија изврши инвазија врз Украина.