📽️ 📷 НАСЕКАДЕ КРВ И РАЗНЕСЕНИ ТЕЛА Бомбаш самоубиец уби најмалку 20 цивили, а повреди 53 во Дамаск
Снимките и фотографиите покажуваат тела како лежат во локви крв, додека полицијата ги носи телата на починатите во вреќи.
Морничави слики и снимки се појавија откако бомбаш самоубиец нападна православна црква во Дамаск, при што досега уби околу 20 лица, според Сирија ТВ.
Еден човек прво отворил оган, а потоа детонирал експлозивна направа во црквата за време на службата. Снимките и фотографиите покажуваат тела како лежат во локви крв, додека полицијата ги носи телата на починатите во вреќи.
Министерството за внатрешни работи соопшти дека бомбаш самоубиец поврзан со терористичката група Исламска држава влегол во црквата „Свети Илија“ и отворил оган, а потоа го активирал својот експлозив.
Сведоци рекоа дека амбулантните возила ги префрлиле жртвите и повредените во блиската болница под силно обезбедување.
فيديو متداول من داخل كنيسة “مار الياس” في منطقة #الدويلعة، شرقي العاصمة السورية #دمشق، يُظهر الأضرار التي لحقت بها جراء الانفجار.#سوريا #الميادين pic.twitter.com/MFK6OZG8xL
— قناة الميادين (@AlMayadeenNews) June 22, 2025
Ова е првиот напад насочен кон христијаните во Дамаск од падот на долгогодишниот сириски претседател Башар ал-Асад минатата година.