НАСАМАРЕНИ ОД „ПОЛИЦАЈЦИ“ И ОД „БАНКАРИ“ Голема полициска акција во 5 земји против мрежа со 30.000 измами

Властите во Дрезден информираа дека повеќе од 170 лица лажно се претставувале како полицајци или како службеници во банки, испраќајќи измамнички писма и опомени за непостоечки долгови, со што таргетирале главно повозрасни граѓани.

472

Во 5 европски држави денеска е спроведена координирана акција против организирана мрежа, осомничена за измами преку лажни кол-центри.

Властите во Дрезден, Германија, соопштија дека над 170 лица се претставувале како полициски службеници или како вработени во банки, користејќи лажни писма и опомени за фиктивни долгови, со кои измамувале претежно постари граѓани.






Претреси се извршени на 35 адреси во Германија, Австрија, Грција, Чешка и Словачка, а приведени се двајца грчки и еден турски државјанин. Запленета се електроника и документација, поврзана со случајот.

Акцијата во Германија опфатила неколку покраини, меѓу кои Берлин, Баварија и Хамбург. Обвинителството во Дрезден води истрага за 30.000 случаи на измама и на перење пари, со причинета штета од најмалку 8 милиони евра.

Поврзани содржини