НАСА потврди дека на Месечината има вода

Допрва треба да се испита дали водата на Месечината може да се користи како ресурс.

488

Американската вселенска агенција НАСА денеска потврди дека на Месечината има вода, пренесуваат светските агенции.

„По првпат потврдивме присуство на вода на страната на Месечината осветлена од Сонцето, со помош на телескопот ‘Софија’ (@SOFIAtelescope)“, напиша на „Твитер“ шефот на НАСА, Џим Брајденстин.






Во неговиот твит се наведува дека допрва треба да се испита дали водата на Месечината може да се користи како ресурс, но дека сознанието за нејзиното присуство на земјиниот стателит е клучно за плановите на вселенската агенција.

Поврзани содржини