НАСА објави мапа од катастрофата во Бејрут, црвената боја преовладува ФОТО
Според Спутник, на мапата секој обоен пиксел претставува површина од 30 метри - со црвена боја се обележани подрачјата кои претрпеле најголема штета, со портокалова боја се обележани умерено оштетените подрачја, а оние со жолта боја се подрачјата кои претрпеле мала штета.
Во соработка со научниците од Опсерваторијата во Сингапур, НАСА направила истражување за последиците од експлозијата која на 4 август годинава го разурна главниот град на Либан, Бејрут.
Како што може да се прочита на официјалната страна на НАСА, податоците на радарот од вселената ги покажале промените на површината на Земјата пред и по големи катастрофи како што се земјотресите, а во конкретниот случај во Бејрут, наведено е во извештајот, се користат за прикажување на разорните резултати од експлозијата.
Според Спутник, на мапата секој обоен пиксел претставува површина од 30 метри – со црвена боја се обележани подрачјата кои претрпеле најголема штета, со портокалова боја се обележани умерено оштетените подрачја, а оние со жолта боја се подрачјата кои претрпеле мала штета.
#NASA’s ARIA team in collab. with the EOS used satellite data to map the extent of damage following a massive explosion in Beirut
Dark red pixels represent the most severe damage areas
Orange=moderately damaged
Yellow=sustained somewhat less damage Each colored pixel=area of 30m pic.twitter.com/wqkGi2OSWC— Dr.Sabine kik (@KikSabine) August 8, 2020