Народот не е глуп, туку жртва
Целата партизираност на системот доведе да е тешко човек и да се вработи и да развие приватен бизнис ако нема врски со партија.
Нема апсолутно глуп и апсолутно паметен народ, секаде има секакви. Тоа е барем едноставно да се сфати. Народот ни овде не е глуп. Народот е жртва. Жртва на систематско осиромашување, пропаганда, заведување од партии.
Целата партизираност на системот доведе да е тешко човек и да се вработи и да развие приватен бизнис ако нема врски со партија. Многумина ја избраа таа сламка за спас за да преживеат како знаат и умеат.
Народот е жртва на нефункционалниот систем и институции. И недовербата во истите која е сосема основана. Систематски ограбен, понижен, сиромашен, во земја со најниски плати и најголема невработеност, ставен настрана за профит на политичари и бизнисмени, сведен на статистика народот не е глуп.
Народот е само поразен и безволен.
(Фејсбук статус на авторот)