НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ БАРА ОДГОВОРНОСТ ЗА ПОЖАРОТ Државата тоа им го должи на семејствата на жртвите
Народниот правобранител смета дека само со брза и ефикасна истрага ќе се докаже дека функционира правната држава- системот.
Одговорност за трагичниот настан мора да има. Тоа дражавата во најмала рака им го должи на семејствата кои останаа без своите најблиски, вели народниот правобранител во изјавата на сочувство до семејствата на жртвите во пошарот во ковид центарот во Тетово.
Народниот правобранител смета дека само со брза и ефикасна истрага ќе се докаже дека функционира правната држава- системот.
„ Сцените од ширењето на пламените јазици, борбата за спасување на секој човечки живот, никого не можат да го остават рамнодушен. Секоја слика од овој немил настан создава болка и предизвикува тага за загубата која ја претрпеа голем број на семејства. Во оваа прилика, народниот правобранител изразува сочуство до семејствата на трагично загинатите лица, а воедно изразува надеж за брзо опоравување и оздравување на повредените во овој настан“ , се вели во изјавата на сочувство на Нардониот правобранител.