Народната банка и ОПМ ќе ги штитат корисници на услугите на банките и штедилниците

Меморандум за соработка денеска потпишаа гувернерката на Народната банка Анита Ангеловска-Бежоска и претседателката на ОПМ  Маријана Лончар-Велкова.

469

Народната банка и Организацијата на потрошувачите на Македонија (ОПМ) и заеднички ќе работат на унапредувањето на заштитата на потрошувачите – корисници на услугите на банките и штедилниците, во согласност со добрите практики и стандардите во Европската Унија (ЕУ).

За таа цел денеска меморандум за соработка потпишаа гувернерката на Народната банка Анита Ангеловска-Бежоска и претседателката на ОПМ  Маријана Лончар-Велкова.






– Во текот на минатата година бевме посветени и на подготовка на нова регулатива за платежните услуги, којашто ќе овозможи и повеќе механизми за институционална заштита на потрошувачите, што е и една од поновите функции на современите централни банки. По почнувањето на корона-кризата, посебно се  посветивме на измените на регулативата со коишто им се овозможи на банките и штедилниците да им излезат во пресрет на кредитокорисниците и да овозможат намалување на нивниот финансиски товар во повеќемесечен период  – изјави гувернерката Ангеловска-Бежоска.

Таа истакна дека за успешно остварување на функцијата на заштита на потрошувачите, Народната банкаго едуцира и својот кадар.

–  Неодамна е воспоставена  Работна група во рамките на Народната банка, којашто треба да подготви предлог-рамка на активностите во сферата на заштита на правата на клиентите на банките и штедилниците, во согласност со искуствата на европските централнобанкарски практики. Едукативните активности на Народната банка во последните години се насочени кон разработка на конкретни прашања од доменот на банкарските услуги и правата на клиентите. Токму во тој контекст очекувам дека особено ќе биде важна и плодотворна соработката со ОПМ, преку којашто ќе настојуваме да бидеме и во уште понепосреден контакт со потрошувачите коишто се корисници на услугите на банките и штедилниците – рече Ангеловска-Бежоска.

Претседателката на ОПММаријана Лончар-Велкова посочи дека склучувањето на меморандумот со Народната банка ќе придонесе за унапредување на правата на потрошувачите како корисници на финансиските услуги.

– ОПМ во рамките на своите активности во наредниот период ќе се посвети на заштитата на потрошувачите како корисници на финансиски услуги, со посебен акцент на потребата од изработка на водичи наменети за потрошувачите – корисници на потрошувачки и хипотекарни кредити, калкулатори за избор на најповолен кредит како продукт на банките, како и поттикнување механизми за спогодбено решавање на проблемите помеѓу потрошувачите и банките – рече Лончар-Велкова.

Согласно со меморандумот, Народната банка и ОПМ ќе соработуваат и преку спроведување проекти. 

 

Поврзани содржини