Народна банка: Нашите одлуки да не се ставаат во политички контексти

Народната банка бара да се почитува нејзината независност и самостојност.

316

Народна банка денеска повика сите субјекти да ги почитуваат нејзината самостојност и независност а нејзините  одлуки да не ги ставаат во политички контексти. Оваа реакција на Централната банка дојде по пропаѓањето на Еуростандард банка  кое се користи и за политички обвинувања меѓу партиите .

– Народната банка е институција со уставно и законски гарантирана самостојност и независност, којашто при остварување на своите законски утврдени цели и задачи се води исклучиво од законите, притоа штитејќи го интересот на граѓаните.Токму ваквата независност и професионалноста во остварувањето на целите и задачите на Народната банка е она што со години наназад ги гарантира одржувањето на стабилноста на денарот, банкарскиот систем, односно финансиската и севкупната макроекономска стабилност – велат од Народната банка.






Оттаму, повикуваат сите субјекти да ги почитуваат самостојноста и независноста на Народната банка и нејзините одлуки да не ги ставаат во политички контексти.

Поврзани содржини