НАПРЕДУВААТ ПРЕГОВОРИТЕ МЕЃУ ЕВН И СЛУПЧАНЕ Во понеделник ќе биде готов рамковниот

Финализирани се техничките детали за реализација на проектот за реконструкција и за модернизирање на мрежата, велат од ЕВН, но не соопштуваат дали ќе се исполнат барањата на слупчанци.

252

Денеска состанок меѓу претставници на ЕВН и претставници на селото Слупчане, компанијата го оцени како „успешен“.

„На состанокот се финализираа техничките детали за реализација на проектот за реконструкција и модернизирање на мрежата. Во понеделник ќе се одржи последниот состанок, по кој следува спроведувањето на проектот“, изјави ЕВН за Плусинфо.






Средбите меѓу ЕВН и претставници на Слупчане следат по неколкудневните блокади, кога жителите на ова село, револтирани поради високите сметки за струја, не им дозволуваа на екипите на ЕВН да влезат. Дел од мештаните го искинаа главниот кабел и предизвикаа сериозен дефект, кој остави без неколку села.

ЕВН се пожали дека наплатата на сметките за струја во Слупчане се реализира само 20%.

Слупчанци, пак, бараат да им се простат сите досегашни долгови, бесплатно да добијат нови приклучоци, а без разлика колку ќе потрошат во иднина да не им се фактурира повеќе од 3.000 денари месечно. Селаните не прифаќаат мерните уреди да се поставуваат надвор од куќите и бараат верски објекти воопшто да не плаќаат струја.

 

ЕПСКА БИТКА ЗА (НЕ)ПЛАЌАЊЕ СТРУЈА Ова е резил, коментира ВМРО-ДПМНЕ

„Дали владата којашто се вмеша во овој должничко доверителски спор, е гарант за жителите на Слупчане дека ќе добијат отпис на долговите, или гарант за ЕВН дека ќе ги наплатат парите?“, праша Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

„Дали владата е гарант дека во Слупчане ќе се добие гарантирана месечна наплата за струја, како што бараат од 3.000 денари без разлика колку се троши? Дали владата можеби ќе им ги плати долговите на слупчанци кон приватна фирма, бидејќи парите на крајот сепак ќе бидат наплатени?“, праша тој.

ВМРО-ДПНЕ смета дека ова е брука, но и „резултат на корупцијата, на криминалот, на претприемачкиот дух на младите со презиме Ахмети или Груби, на рекламите на владата на сметките за струја“.

Поврзани содржини