НАПРАВИ ХАОС, НАМЕСТО ДА ПРЕЗЕМА МЕРКИ Опозицијата ја обвинува власта за ценовниот шок со горивата
ВМРО-ДПМНЕ бара собранието да го прифати предлогот за намалување на акцизата за 50 отсто.
Наместо да преземат конкретни мерки владата е нем набљудувач на случувањата со високите цени на горивата, обвини преку соопштени ВМРО-ДПМНЕ.
Според партијата, новите повисоки цени на горива се резултат на неспособноста на владата која иако уште пред 4 месеци знаела за агресијата во Украина и ценовниот шок кој доаѓа не презела ништо.
„Од денес граѓаните плаќаат по 10 денари повеќе за 1 литар нафта, само заради неспособноста на СДСМ и Ковачевски.Неодговорната власт на Ковачевски е само нем посматрач на случувањата, наместо да преземат конкретни мерки.Со новото покачување на нафтените деривати се нарушува и животниот стандард на граѓаните, кое исто така ќе се пренесе и со покачување на сите крајни производи кои ги користат граѓаните. Покачување на дизелот за 10 денари и на бензините за 5,5 денари по литар ќе се зголемат и цените во транспортот на патници, стоки и услуги.Ова ново покачување на нафтените деривати ќе предизвика и нови отпуштања на работници и затворања на мали и средни бизниси“, се вели во соопштението.
Според ВМРО-ДПМНЕ , владата наместо навремено да превенира и да ги заштити граѓаните од нови ценовни шокови, направи хаос изминативе неколку дена пред бензинските пумпи.
Оттаму додаваат дека преку пратеничката група во Собранието е предложено намалување за 50 отсто на акцизите на нафтените деривати.
„Овој предлог беше отфрлен од СДСМ и ДУИ. Потребно е веднаш да се прифати овој предлог на ВМРО-ДПМНЕ и да се спречи поголеми ценовни шокови.Мора да се стави крај на ова неодговорно владеење на СДСМ и ДУИ, за тоа се потребни брзи предвремени парламентарни избори3, се наедува во соопштението.