НАПРАВИ ЈА НАЈДОБРАТА КОМБИНАЦИЈА И ОСВОЈ ВАУЧЕР ОД FASHION&FRIENDS! Најдобриот аутфит ќе биде награден со 25.000 денари
Fashion&Friends е твојата омилена продавница?
Ако одговорот е ДА, тогаш ова е супер вест за тебе!
Те охрабруваме тебе, твоите пријатели, сите млади ентузијасти, вљубеници во модата да го создадете најдобриот аутфит вреден за паметење!
До 4 октомври, те чекаме да ги пробаш сите фаворити, да ја направиш твојата омилена комбинација и да ја споделиш на Инстаграм со хаштаг#Fashionandfriendsandfriends, а најдобриот аутфит ќе го наградиме со ваучер од 25.000 денари!
Ова е повик до секој вљубеник во модата од компанијата Фешн груп по повод новоотворената и разубавена продавница во Сити мол.
Во новоотворената и разубавена продавница сѐ е подредено за дополнително да се разбуди креативноста и имагинацијата, па затоа компанијата ги повикува гражааните да ја создадат својата омилена модна комбинација.
– Ние го правиме шопингот уште позабавен, а ти не губи време, пушти си ја модната имагинација да работи и остави твој моден печат! Воедно, ова е супер шанса да ја посетиш нашата реновирана и бескрајно креативна продавница која дополнително ќе те мотивира. Дел од нашите најпознати блогери веќе почнаа да ги прават своите шик комбинации, а сега е совршено време и ти да го направиш истото. Секако, овој повик за модна креативност важи за сите вљубеници во модата, затоа, сподели ја оваа супер вест со твоите пријатели и одмерете си ги модните сили. Она што е важно е дека можеш да направиш безброј комбинации и да учествуваш повеќе пати, а ние сме тука да те наградиме. Време е за вистинска шопинг забава во Fashion&Friends во Сити мол – велат од компанијата.
Оттаму напоменуваат дека парчињата не мора да бидат купени, а комбинациите може да се направат во нивната Fashion&Friends продавница во Skopje City Mall. Бројот на аутфити и објавени фотографии е неограничен.