НАПРАВЕНО ИСТРАЖУВАЊЕ Дали ракетните научници или неврохирурзите се попаметни?
Во полежерното божиќно издание на британското медицинско списание „The BMJ“, група непристрасни невролози се обиделе да докажат кому му припаѓа титулата најпаметен.
Дали некогаш сте се запрашале зошто неврохирурзите и ракетните научници се издвојуваат како „крем де ла крем“ на човечката интелигенција?
Со оглед на тоа што фразите „не ти е тоа ракета наука“ и „не ти е тоа неврохирургија“ често наизменично се користат како тврдење дека немате толку тешка интелектуална задача пред вас, која од овие две групи би се појавила како крајниот победник во битката на умовите?
Во полежерното божиќно издание на британското медицинско списание „The BMJ“, група непристрасни невролози се обиделе да докажат кому му припаѓа титулата најпаметен.
– Се смета дека фразата „тоа не е ракетна наука“ потекнува од Америка во 1950-тите, кога германските експерти за ракети беа донесени за да помогнат во развојот на вселенската програма и изградбата на воени ракети – се вели во студијата на истражувачкиот тим предводен од невронаучникот Инга Ашер од лондонскиот „UCL“.
Потеклото на терминот „тоа не е неврохирургија“ е помалку јасно, но без оглед на корените на фразите, истражувачите ги анализираа резултатите од тестот за когнитивна способност на 329 воздухопловни инженери и 72 неврохирурзи во нивниот експеримент.
Тие ги споредија вештините на учесниците за решавање проблеми, вклучувајќи планирање и расудување, работна меморија, внимание и обработка на емоции.
Иако резултатите покажаа дека има некои мали разлики помеѓу двете набљудувани групи, ниту една не преовладуваше.
– Невронаучниците покажаа значително подобри резултати од авијациските инженери во решавањето на семантичките проблеми – пишуваат авторите, забележувајќи ја нивната способност да ги објаснуваат ретките зборови и да ги разбираат вербалните аналогии.
Истражувачите претпоставуваат дека причината за овие резултати е изложеноста на невронаучниците на медицинска терминологија која користи зборови од грчки и латински, што им дава лингвистичка предност.
Авијациските инженери, од друга страна, покажале значително подобри резултати во „менталната контрола и внимание“, објаснуваат истражувачите, сугерирајќи дека овие вештини се подобруваат со обука како што е способноста да се ротира имагинарен тродимензионален објект „во главата“.
Во однос на способноста за меморија, просторно решавање на проблеми, брзина на решавање проблеми и брзина на потсетување, не беше пронајдена разлика помеѓу двете групи.
Тие не се ништо подобри од општата популација
Кога авторите ги споредија останатите од нас, или 18.257 членови од општата популација, со неврохирурзи и експерти за ракети, открија само мали разлики во когнитивните способности.
Меѓу шесте тестирани способности, разликите се истакнаа само во две. Неврохирурзите беа побрзи во решавањето на проблемите, но побавни во брзината на сеќавањето.
Во основа, се чини дека секој има потенцијал да стане гениј како невролог или експерт за ракети, барем судејќи според резултатите од овој забавен експеримент.
Се разбира, постојат многу начини да се биде паметен и нема сомнеж дека неврохирурзите и воздухопловните инженери треба да стекнат огромно количество знаење за да ја вршат својата работа правилно.
И покрај ова, можеби им даваме премногу заслуги на неврохирурзите и експертите за ракети.
Можно е неврохирурзите и воздухопловните инженери непотребно да се ставени на пиедестал и можеби некоја друга непрофесионална изрека, како „тоа е мачја кашлица“, би била посоодветна, објаснуваат авторите.
Исто така, можно е некои други професии да заслужуваат да бидат на тој престол, па затоа идните напори треба да се фокусираат на одредување која група најмногу го заслужува тоа, велат истражувачите.
Истражувањето беше објавено во божиќното издание на специјалното медицинско списание „British Medical Journal“ (BMJ).