НАПНАТОСТА НА КОСОВО ПАК РАСТЕ Српските медиуми јавуваат за рафали кај Звечани и за детонации во Косовска Митровица!
Расте тензијата на северот на Косово, а српските медиуми јавуваат за рафали кај Звечани, како и за детонации во Косовска Митровица.
На барикадата во Рудари кај Звечани во моментов е тензично. Околу 21 часот се слушнал рафал од огнено оружје од насокана на Звечани, што предизвика дополнителен страв кај жителите на оваа општина. Таму сега се собираат сè поголем број граѓани, да ги бранат барикадите.
Порталот Новости неофицијално дознава дека во Митровица се слушнале детонации.
Тензијата расте по заканите на Албин Курти дека вечерва насилно ќе ги тргне барикадите во северно Косово.
ПОСЛЕДНА ВЕСТ
Српски медиуми јавија за пукотници во близината на домот на културата во Обреновац. Полицијата е на местото на настанот. Нема извештаи за повредени.