НАПАДОТ НА УКРАИНА ЌЕ ИМА ВИСОКА ЦЕНА Предупредување од Г7 за Русија
„Русија не треба да се сомнева дека натамошната воена агресија против Украина ќе има големи последици и голема цена“, се наведува во нацрт-изјавата, наведуваат извори од Г7.
Шефовите на дипломатиите на групата седум најразвиени демократии (Г7) денеска ја предупредија Русија за „тешки последици“ доколку претседателот Владимир Путин ја нападне Украина, се наведува во нацрт-изјавата што ја објавија британските медиуми.
На самитот во северниот англиски град Ливерпул, претставниците на Г7 изјавија дека се обединети во осудувањето на руското трупање сили во близина на Украина и ја повикаа Москва да ја смири ситуацијата.
„Русија не треба да се сомнева дека натамошната воена агресија против Украина ќе има големи последици и голема цена“, се наведува во нацрт-изјавата, наведуваат извори од Г7.
Украина е во центарот на кризата во односите Исток-Запад и ја обвинува Русија дека собира десетици илјади војници кои се подготвуваат за можна воена офанзива од долг дострел.
Русија негира дека планира напад и ги обвинува Украина и САД дека се однесуваат дестабилизирачки и соопшти дека ѝ требаат пишани гаранции заради нејзината безбедност.