НАПАДНАТА ИТАЛИЈАНСКАТА ВОЕНА БАЗА ВО ЕРБИЛ, ИРАК Војниците се засолнале во бункер

Шефот на италијанската дипломатија Антонио Тајани на Икс наведе дека сите припадници на контингентот се добро и се безбедни.

171

 

Министерството за одбрана на Италија соопшти дека синоќа е погодена италијанска воена база во ирачкиот град Ербил.






„Нашата база во Ербил беше погодена од проектил. Помеѓу италијанскиот воен персонал нема загинати или повредени. Сите се на сигурно“, објави италијанското Министерство за одбрана на Икс.

Шефот на италијанската дипломатија Антонио Тајани на Икс наведе дека италијанските војници по нападот се засолниле во бункер, а сите припадници на контингентот се добро и се безбедни.

Тој го осуди нападот врз италијанската база во Ербил.

Нападот се случи во ирачкиот автономен регион Курдистан, каде има повеќе меѓународни воени бази.

Поврзани содржини