📽️ НАПАД СО НОЖ ВО ГИМНАЗИЈА ВО ФРАНЦИЈА Напаѓачот извикувал „Алаху Акбар“

Мотивот за нападот не е познат. Еден ученик за локалните медиуми изјави: „Излегувавме од часот кон мензата, видовме момче со два ножа како напаѓа наставник облеан во крв. Веднаш побегнавме“.

732

Едно лице загина, а две се тешко повредени во напад со нож во средно училиште во Арас во Франција. Напаѓачот извикувал „Алаху Акбар“. „Ле Паризиен“ јави дека осомничениот напаѓач е уапсен и е на возраст од 20 години. ТВ-станицата БФМ објави дека според извори од полицијата, во нападот загинал учител. Франција затвори неколку училишта на северот кон Белгија како мерка за претпазливост.

Мотивот за нападот не е познат. Еден ученик за локалните медиуми изјави: „Излегувавме од часот кон мензата, видовме момче со два ножа како напаѓа наставник облеан во крв. Веднаш побегнавме“.

 






Нападот во училиштето доаѓа во време на големи про-Палестински протести низ Европа, но и во муслиманските земји на Блискиот Исток поради војната во Израел. Поранешниот лидер на Хамас, Калил Мешаан во четвртокот ги повика „јорданските браќа на ставање на џихадот во пракса“ на петок, 13 октомври.

Германските власти очекуваат бран антисемитски напади врз еврејски објекти во Германија, како и протести пред амбасадите на земјите кои го поддржуваат Израел, пред сè САД, објавија во петокот германските медиуми, известувајќи дека властите ги зајакнуваат безбедносните мерки.

Засилени протести се очекуваат пред претставништвата на Израел и на САД.

Поврзани содржини