НАПАД ПО ЧЕТИРИ ОСКИ, РОКОТ Е ТРИ НЕДЕЛИ Русите не штедат топовско месо за да освојат цел регион во Украина
Сега руската офанзивна кампања се одвива по дури четири оски, од север кон југ: 1) околу Купјанск и Синкивка, 2) од Табаивка кон Крухљакивка, 3) од Макиевка кон Раихородка и/или Борова и 4) од близина на Кремина до Дробишев и/или Лиман, анализира американскиот Институт за проучување на војната.
Една од најтемните анализи на американскиот Институт за проучување на војната беше објавена синоќа. Во нејзе се вели дека Русите го користат фактот што западното оружје за Украина доцни и напаѓаат од три страни. Исторемено, украинското разузнавање ГУР во средата соопшти дека руските вооружени сили добиле рок до нешто повеќе од три недели да преземат целосна контрола врз целиот регион Луганск.
Според Вадим Скибицки , заменик-шефот на ГУР, за време на интервјуто за „Интерфакс-Украина“ рече дека Кремљ сака контрола барем до границата на Луганск пред претстојните претседателски избори во Русија закажани на 15 март, пишува Њузвик.
Од друга страна, Инситутот за проучување на војната ИСВ објави мапи тврдејќи дека Русите првпат имаат кохезивна акција по година ипол, а рускиот лидер Владимир Путин дал рок од три недели. Пристапот е различен на оперативно ниво – Русите не штедат „топовско месо“ во Харков-Луганск.
Russian forces made confirmed advances near Avdiivka, Donetsk City, Robotyne, and Krynky. https://t.co/KY70PoEK8v https://t.co/6S2CAhnvtO pic.twitter.com/HsgiLXpaGc
— Institute for the Study of War (@TheStudyofWar) February 22, 2024
Мапите покажуваат дека по заземањето на клучниот град Авдиивка, Русите брзо напредуваат. Истовремено, според ИСВ, Авдиивка е прв чекор на заземање на регионот Донбас.
Меѓутоа, сега руската офанзивна кампања се одвива по дури четири оски, од север кон југ: 1) околу Купјанск и Синкивка; 2) од Табаивка кон Крухљакивка; 3) од Макиевка кон Раихородка и/или Борова; и 4) од близина на Кремина до Дробишев и/или Лиман.
„Руските напади до овој момент генерално или концентрираа големи маси војници против поединечни цели (како што се Бахмут и Авдиивка) или се состоеја од повеќе напади долж линиите на напредување премногу оддалечени за да се поддржуваат едни со други“, анализира ИСВ.
Анализата вели и дека за голем дел од оската Харков-Луганск одговорна е групата западни сили на Русија (ВМД).
„Сепак, се чини дека тактичките перформанси на Русија во овој сектор не се материјално подобрени во однос на претходните тактички недостатоци на Русија, фактор што може да доведе до севкупен неуспех дури и на овој подобро дизајниран потфат“, истакнува ИСВ во својот опсежен текст.