НАПАД НА НУКЛЕАРНАТА ЦЕНТРАЛА „БУШЕР“ ВО ИРАН МОЖЕ ДА ПРЕДИЗВИКА КАТАСТРОФА Директорот на Агенцијата за атомска енергија предупредува дека таа има реактор од 1.000 мегавати
Директорот на МААЕ, Рафаел Гроси предупредува дека нуклеарните објекти и нивната околина никогаш не смеат да бидат цел на напад.
Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) предупреди дека нападите во близина на нуклеарната централа Бушер во Иран претставуваат сериозна закана за нуклеарната безбедност.
Електраната на југот од земјата, опремена со реактор од 1.000 мегавати, е погодена четири пати од почетокот на војната меѓу САД, Израел и Иран.
Директорот на МААЕ, Рафаел Гроси, предупреди дека понатамошните напади би можеле да имаат сериозни последици.
-Нападите во близина на оваа област би можеле да предизвикаат сериозна радиолошка несреќа со последици за луѓето и животната средина во Иран и пошироко – рече тој.
Тој додаде дека еден од нападите погодил област оддалечена само 75 метри од периметарот на електраната.
-Нуклеарните објекти и нивната околина никогаш не смеат да бидат цел на напад – рече Гроси.